„Изгледа дека е време повторно да се ставаат маските“: научниците алармираат за нова варијанта на Ковид

1692188601_1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Стравувањата од нов бран на Ковид се интензивираа по откривањето на новиот сој наречен BA.6. а а некои експерти повикуваат повторно да се носат заштитни маски. Други, сепак, велат дека е премногу рано за паника и тврдат дека нема да бидат потребни ограничувања од ерата на пандемијата.


Нема знаци дека новооткриениот вид (кој се разликува од Ерис со кој се појавил паралелно) претставува поголема опасност од другите, но веќе е регистриран во две земји (Данска и Израел) и прашање е дали ќе продолжи да се шири или едноставно да исчезнува како и многу други варијанти на тој вирус. Експертите веруваат дека BA.6 има над 30 мутации.

„Изгледа дека е време повторно да се ставаат маските“, твитна д-р Триша Гринхалг, меѓународно признат експерт за примарна здравствена заштита со седиште на Универзитетот во Оксфорд.

Професорката Кристина Пагел, математичар од Универзитетот во Лондон, рече дека „оваа варијанта на коронавирусот има многу нови мутации што ја прават различна од претходните соеви на омикрон“.

 

Професорот Стивен Грифин, експерт за заразни болести на Универзитетот во Лидс, изјави за MailOnline дека варијантата „претставува многу поголема промена во генетскиот состав на вирусот“ и „потсетува на првото појавување“ на Омикрон кон крајот на 2021 година.

„Премногу е рано да се каже дали овој „скок“ во еволуцијата ќе доведе до вирус што е доволно „прилагоден“ да доминира на ист начин како што некогаш доминираа BA.1 и BA.2 и другите варијанти, но има бројни мутации и  тоа може да предизвика загриженост ако почне да се шири“, нагласи тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK