Избори во Шпанија: Социјалистите и НП изедначени по 50 отсто преброени гласови

shpanija_izbori_22342432
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Ниту една партија нема да освои апсолутно мнозинство на предвремените парламентарни избори во Шпанија, според прелиминарните резултати од преброени 50 отсто од гласовите, објавуваат шпанските медиуми.







Владејачката Социјалистичка партија на премиерот Педро Санчез е во благо водство со освоено 131 пратеничко место.

Опозициската десничарска Народна партија предводена од Алберто Нуњез Фејхо, е втора со 130 места.

Медиумите нагласуваат дека досегашните резултати не мора да го одразуваат конечниот исход бидејќи доаѓаат првенствено од малите градови.

Првичните проценки и анкети предвидуваа победа на Народната партија со освоени меѓу 145 до 150 пратенички места. На социјалистите им се предвидуваа меѓу 113 и 118 мандати.

Народната партија, сепак, нема да освои апсолутно мнозинство во 350-члениот Парламент и за да го постигне тоа ќе мора да коалицира со екстремно десната популистичка партија Вокс која ќе има меѓу 28 и 31 мандат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK