ЕУ планира да свика итен состанок на нејзините земји-членки за да разговараат за последиците од влошувањето на ситуацијата во Израел и Палестина.
Во поканата за самитот што ќе се одржи во вторник, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел рече дека ако ЕУ не биде внимателна, конфликтот може да „го поттикне екстремизмот“ низ Европа.
Тој е загрижен и за последиците врз способноста на соседните земји да се справат со бегалците.
„Постои голем ризик од миграција и движење на голем број луѓе кон соседните земји кои веќе имаат значителен број бегалци на своја територија. Ако со нив не се постапува внимателно, постои ризик од дополнителни бранови на миграција кон Европа“, рече тој.