Италијанската премиерка ја загуби власта во Сардинија

Италијанската-премиерка-ја-загуби-власта-во-Сардинија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Италијанската премиерка Џорџија Мелони ја загуби власта на медитеранскиот остров Сардинија, со што нејзината десничарска коалиција го доживеа првиот значаен изборен неуспех откако ја презеде функцијата во 2022 година, покажаа денеска резултатите од регионалните избори.


Алесандра Тоде, членка на левичарското Движење пет ѕвезди поддржано од Демократската партија, освои 45,4 отсто од гласовите на изборите во неделата, надминувајќи го Паоло Труцу, кандидатот избран од Мелони, кој освои 45,0 отсто.

И со некои ливчиња што останаа да се пребројат, Труцу веќе го призна поразот, додека Тоде ја прослави својата победа заедно со шефот на Демократската партија, Ели Шлајн и поранешниот премиер Џузепе Конте, водачот на Пет ѕвезди.

„Почнуваат да дуваат различни ветрови“, рече Шлајн.

Тоде, поранешна функционерка во владината канцеларија за индустрија и успешен менаџер, ќе биде првата претседателка на островот и првата претседателка на италијански регион од Движењето пет ѕвезди.

Тоа е, исто така, првпат левиот центар да успее да ја промени волјата на гласачите во Сардинија од 2015 година, давајќи им на опозициските партии поттик пред уште четири регионални избори оваа година и изборите за Европскиот парламент во јуни.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK