Италија ќе издвои 100 милиони евра итна помош за поплавените подрачја

Italy
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Италијанската Влада денеска ќе испрати финансиски средства во регионите погодени од поплавите, во кои загинаа 14 лица, неколку десетици илјади се раселени, додека илјадници хектари земјоделско земјиште останаа под вода.

Владата на Џорџа Мелони ќе додели околу 100 милиони евра итна помош за регионот Емилија Ромања, кој е најпогоден од поплавите.


Поради поплавите повеќе од 36.000 луѓе се раселени, а неодамна во свлечиштата беа пронајдени 14 бомби.

Поплавите предизвикаа повеќе од 305 свлечишта и оштетија повеќе од 500 патишта во регионот.

Шест месеци дожд паднаа за само 36 часа минатата недела, поради што околу 20 реки се излеаа од коритата. Улиците се претворија во реки од кал и водата потопи големи површини обработливо земјиште и многу сточарски фарми.

Според експертите, климатските промени покрај човековата активност го зголемуваат интензитетот и зачестеноста на екстремните временски појави, како што се топлотни бранови, суши и шумски пожари, но и бури проследени со обилни дождови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK