Италија ја обвини Русија дека извршила воено злосторство со нападот на детска болница

Screenshot-2024-07-08-160716.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Италија ја обвини Русија дека извршила воено злосторство за време на ракетните напади што го погодија главниот град на Украина и оштетија детска болница.


Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани повика на меѓународна осуда на Русија.

„Изненаден сум од сликите од бомбардирањето во Киев, кога беше погодена и детска болница. Тоа се воени злосторства кои мора да бидат осудени од целата меѓународна заедница“, напиша Тајани на X, додавајќи дека италијанската влада „ќе продолжи да го брани суверенитетот на Украина и нејзиниот народ“.

Бројот на загинати се искачи на 31

Бројот на загинати во денешните руски напади се искачи на 31, а повеќе од 150 лица се повредени, соопштија украинските власти.

Последните извештаи велат дека 17 лица загинале во главниот град Киев, од кои две во детската болница, а уште 11 на неколку места во регионот Дњепропетровск.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK