Орбан воведе придонеси за одбрана на банките и големите компании: „Мораме да ја зајакнеме армијата“

ungarska-armija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Унгарската влада воведе обврска за банките, енергетиката и мултинационалните компании да плаќаат придонеси за финансирање на одбраната, изјави шефот на кабинетот на премиерот Виктор Орбан.

Унгарија во мај 2022 година воведе дополнителен данок на добивка од 2,8 отсто за банките, осигурителите, малопродажните и енергетските компании, телекомуникациите и авиокомпаниите, велејќи дека ќе ги искористи приходите за поддршка на комуналните услуги и за финансирање на одбраната во услови на скокови на цените поради руската инвазија на Украина.

„Војната се одолговлекува, нема знаци на подобрување на политиката на санкции што ја спроведува Брисел и тоа ќе доведе до драстично зголемување на цените“, рече Орбан во мај 2022 година.

Унгарија ги регулира цените на енергенсите за домаќинствата, па комуналните претпријатија беа под притисок и мора „веднаш да ја зајакнат армијата“, рече унгарскиот премиер, додавајќи дека трошоците ќе се финансираат од данокот на дополнителна добивка што ќе се собира за 2022 година и 2023 година.

Во 2024 година, даночната стапка на дополнителна добивка требаше да се намали од 2,8 на еден процент, при што владата забележа дека инвестициите и истражувањето ќе бидат услов.

Денеска владата објави дека компаниите и оваа година ќе плаќаат дополнителен данок на добивка со стапка од 2,8 отсто, изјави шефот на кабинетот на премиерот Виктор Орбан, Гергели Гуљас.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK