Додека Израел продолжува да напаѓа цели во Газа, иранскиот претседател Ебрахим Раиси го обвинува Израел за геноцид.
Раиси рече и дека опсадата на Газа, на која и е прекинат пристапот до вода, струја и гориво, ги прекршува сите меѓународни договори.
Познато е дека Иран го финансира и опремува Хамас во Газа. Но, во вторникот, иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, рече дека неговата земја не стои зад смртоносните напади врз Израел изминатиот викенд.
Сепак, тој додаде дека „ги бакнува рацете на палестинската младина која ги планирала нападите“.