Иран вели дека не е вклучен во никакви дејствија против американските сили

Иран-вели-дека-не-е-вклучен-во-никакви-дејствија-против.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претставникот на Иран во ОН, Амир Саид Иравани, рече дека неговата земја не е вклучена во никакви акции или напади против американските воени сили, објави иранската полуофицијална новинска агенција Тасним.


Соединетите Држави ги обвинија јеменските Хути, поддржани од Иран, дека извршиле серија напади во водите на Блискиот Исток, откако изби војната на 7 октомври меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.

На брифингот со новинарите во понеделникот, американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан рече дека Вашингтон има „силни причини да верува дека овие напади, иако биле извршени од јеменските Хути, биле целосно овозможени од Иран“.

Три комерцијални бродови беа нападнати во меѓународните води во јужниот дел на Црвеното Море во неделата. Хутите признаа дека нападите ги извршиле со беспилотни летала и проектили, тврдејќи дека станува збор за два израелски брода.

Американскиот разурнувач Карни собори три беспилотни летала во неделата откако побара помош од три комерцијални бродови. Американската војска вели дека бродовите се поврзани со четиринаесет различни земји.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK