Иран тврди дека никогаш не произведувал или користел хемиско оружје


depositphotos_681204188_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Заменик-министерот за надворешни работи на Иран за правни и меѓународни работи, Казем Гарибабади, денес изјави дека неговата земја цврсто се придржува до хуманитарните принципи и никогаш не произведувала или користела хемиско оружје, и покрај тоа што имала можност за тоа.


Зборувајќи на 31-та конференција на земјите-членки на Конвенцијата за хемиско оружје, Гарибабади потсети на злосторствата извршени од режимот на поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин против иранскиот народ, јавува иранската агенција „Мехр“.

Тој нагласи дека Иран, како една од најголемите жртви на употребата на хемиско оружје во модерната историја, продолжува да се соочува со тешките последици од тие напади. Тој истакна дека илјадници ирански граѓани сè уште страдаат од физички и психолошки последици по многу децении и бараат континуиран третман.

„Никогаш не избравме да го произведуваме и користиме ова нехумано оружје, бидејќи веруваме дека одговорот на злосторството не смее да доведе до повторување на тоа злосторство“, заклучи Гарибабади, пренесува Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK