Иран е подготвен за преговори со САД, но бара укинување на блокадата


depositphotos_330310394_xl.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Техеран е подготвен за разговори штом САД ја укинат блокадата, изјави иранскиот амбасадор во ОН, Амир-Саид Иравани. Како предуслов за каква било нова рунда преговори, Иравани рече дека САД мора да престанат да „го кршат прекинот на огнот“, објави иранскиот медиум Шарг, а пренесе Ал Џезира.


„Штом блокадата биде укината, следната рунда разговори ќе се одржи во Исламабад“, рече Иравани, додавајќи дека „Иран е подготвен за какво било сценарио“. „Ние не сме започнале воена агресија. Ако тие бараат политичко решение, ние сме подготвени. Ако тие бараат војна, Иран е подготвен и за тоа“, заклучи иранскиот амбасадор.

Во исто време, продолжувањето на преговорите е сè понеизвесно. Иако безбедносните подготовки за нова рунда разговори сè уште се во тек во пакистанскиот главен град Исламабад, оптимизмот значително се намали и е сè поневеројатно дека состанокот ќе се одржи оваа недела.

Тензиите растат и на терен. Иран повторно се закани дека ќе нападне американски и израелски цели ако продолжи она што го нарекува „агресија“ против Техеран, а висок воен командант ги предупреди соседните земји дека би можеле да им снема нафта ако дозволат нивната територија да се користи за напади врз Иран.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK