Нападите на Соединетите Американски Држави врз позициите на ирачката армија ќе доведат до „неодговорна ескалација“ и ќе го нарушат суверенитетот на земјата, се вели во денешното соопштение од кабинетот на ирачкиот премиер Мухамед Шија Ал Судани.
Вчера, САД извршија напади врз три објекти поврзани со милицијата поддржана од Иран, објави Пентагон.
Ирак ќе ги смета таквите операции за „агресивни дејствија“ кои ја поткопуваат долгогодишната соработка, се додава во соопштението на ирачката влада.
„Овие прецизни напади се директен одговор на серијата ескалирачки напади на милициите спонзорирани од Иран против персоналот на САД и на коалицијата во Ирак и Сирија“, рече американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.
Воениот портпарол на Катаиб Хезболах, Џафар Ал Хусеини, во објава на Х рече дека групата ќе продолжи да цели на „непријателските бази“ до крајот на израелската операција во Газа, наведувајќи ја како причина американската поддршка за израелската кампања.