Индонезија започна евакуација на 3.000 жители поради ерупција на вулканот Ибу

3-16.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Индонезиските власти почнаа да евакуираат околу 3.000 жители во близина на вулканот Ибу на островот Халмахера, откако вулканот еруптираше и исфрли пепел во висина од четири километри, соопшти тамошната агенција за катастрофи.


Ерупцијата на вулканот Ибу се случи вчера наутро и траеше околу две минути, поради што властите го подигнаа нивото на тревога на највисоко ниво во околните области, објави Ројтерс.

„Ситуацијата на теренот во моментов е стабилна“, изјави портпаролот на Индонезиската агенција за намалување на ризикот од катастрофи, Абдул Мухари.

Тој претходно изјави дека во близина на вулканот живеат околу 13.000 луѓе.

Ерупцијата е само последна во низата вулканска активност во Индонезија, која се наоѓа на Пацифичкиот „Огнен прстен“ и има 127 активни вулкани. Вулканот Ибу имаше серија ерупции минатата година, а во мај жителите од седум околни села мораа да бидат евакуирани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK