Индија може да стане првата земја што ќе слета на јужниот пол на месечината

Capture-17.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Индиската вселенска агенција објави снимки што нејзиното вселенско летало ги снимило од далечната страна на Месечината додека имала обид за слетување на јужниот пол на Месечината, само неколку дена по неуспехот на руски лендер.


Вселенското летало Чандрајаан-3 на Индиската организација за вселенски истражувања (ISRO) беше во трка со Русија да биде првото што ќе слета на лунарниот јужен пол, регион чии засенчени кратери се смета дека содржат воден мраз каде во иднина би можеле да се обезбедат услови за живот на луѓе.

После неуспехот на руската мисија Луна-25, ИСРО соопшти дека Чандрајан-3 е на пат да слета на 23 август.

Ова е втор обид на Индија да слета на јужниот пол на Месечината. Во 2019 година, мисијата Чандрајаан-2 на ИСРО успешно распореди орбитер, но нејзиниот лендер се урна.

Сликите објавени во понеделникот покажаа кратери на површината на Месечината снимени со камерата за откривање и избегнување на опасност од слетување на леталото ИСРО, која е дизајнирана да помогне да се најде безбедно место за слетување на леталото.

Индиската мисија на месечината започна на 14 јули, а модулот за слетување Чандрајаан-3 се одвои од погонскиот модул минатата недела.

За Индија, успешното слетување на Месечината би го означило нејзиното појавување како вселенска сила, бидејќи владата на премиерот Нарендра Моди сака да поттикне инвестиции во приватни вселенски лансирања и поврзани бизниси базирани на сателити.

„Доколку Chandrayaan-3 успее, тоа ќе го зајакне угледот на индиската вселенска агенција ширум светот. Тоа ќе покаже дека Индија станува клучен играч во истражувањето на вселената“, рече Маниш Пурохит, поранешен научник од ИСРО.

Успешната мисија ќе ја направи Индија само четвртата земја која успешно слета на Месечината, по поранешниот СССР, САД и Кина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK