Индиец се пожалил на силни болки во стомакот, лекарите му извадиле 60 предмети

Индиец-се-пожалил-на-силни-болки-во-стомакот-лекарите-му.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Мaж од Индија кој веќе две години страдал од болки во стомакот ги шокирал лекарите кои во неговиот стомак пронашле повеќе од 60 предмети за домаќинството, пишува „New York Post“.


„За време на рендген, пронајдовме синџири, навртки, завртки, слушалки и многу други предмети во стомакот“, рече Ајмер Синг Калра, директор на болницата „Мога Медисити“ во Мога, каде што се лекува човекот. 35-годишниот Кулдип Синг отишол во болница откако со месеци трпел силни болки во стомакот а развил и треска.

Лекарите направиле рендген и откриле дека Синг изел приближно 60 предмети, вклучително и синџири, навртки, завртки, слушалки и заштитни иглички, магнети, копчиња и патенти од кошули и многу други предмети.

Лекарите му дијагностицирале ментална болест поради која компулсивно голта други предмети освен храна, соопштија од клиниката. Според нив, болеста е најчеста кај малите деца, трудниците и лицата со психијатриски пореметувања, меѓу кои аутистичен спектар, интелектуална попреченост или шизофренија.

„Бидејќи јадел остри предмети имал тешки рани во пределот на стомакот“, изјавиле лекарите. Синг потоа беше подложен на тричасовна операција предводена од хирургот Ануп Ханда и гастроентерологот Вишавноор Калра.

Иако процедурата била успешна, пациентот се уште е на вентилатор и е во критична состојба.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK