Илјадници луѓе протестираа во Пакистан против палењето на Куранот во Шведска

buto
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Илјадници Пакистанци денеска излегоа на улиците на национални протести против палењето на Куранот во Шведска минатата недела, што ги разгоре тековните тензии меѓу Анкара и Стокхолм, пренесе ДПА.

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф повика на мирен протест, прогласувајќи го петок за ден за зајакнување на светоста на Куранот. Шариф ги повика учесниците да го снимаат својот протест.


Во сите поголеми градови по петочната молитва се одржаа собири кои беа широко покриени од локалните медиуми.

Екстремно десничарската исламистичка партија Терек-е-Лабаик Пакистан (ТЛП) водеше еден од најголемите собири во источниот град Лахоре, изјави партискиот портпарол.

Во главниот град Исламабад луѓето одржаа мали собири по петочната молитва. Демонстрантите извикуваа слогани и бараа владата да ги прекине односите со Шведска.

– Сквернавењето на Куранот во Шведска е уште еден пример за зголемениот исламофобичен менталитет кој се обидува да ја обезличи и омаловажи нашата вера, напиша пакистанскиот министер за надворешни работи Билавал Буто на Твитер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK