ИДФ: Убивме команданти на три баталјони на Хамас и погодивме повеќе од 400 цели во последните 24 часа

ИДФ-Убивме-команданти-на-три-баталјони-на-Хамас-и-погодивме.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелската војска соопшти дека погодила повеќе од 400 цели на Хамас и „убила неколку команданти“ во текот на изминатиот ден.


Во објава на Телеграм, израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека погодиле и „голем број оперативци кои подготвувале напади“.

Се наведува дека за време на „широката операција“ за разбивање на способностите на Хамас, цел биле „десетици оперативци на Хамас кои се подготвувале да лансираат ракети и да извршат терористички напади“.

Исто така, се известува дека авионите на ИДФ ги гаѓале и базите на Хамас во Газа.

„Покрај тоа, во текот на ноќта, авионите на ИДФ ги нападнаа командните центри што ги користеа оперативците на Хамас и местата за собирање лоцирани во џамиите што ги користеше Хамас. Замениците команданти на баталјоните Нусејрат, Шати и Фуркан беа убиени во нападот“, се вели во соопштението на ИДФ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK