Телото на Шани Габаи (26), жителка на израелскиот град Јокнеам, која работела како обезбедување на музичкиот фестивал „Супернова“ и за која не се знаело ништо од 7 октомври, вчера било идентификувано откако било пронајдено во Израел.
Шани последен пат ги контактирала своите пријатели откако била застрелана во ногата од терорист на Хамас, но тој контакт бил прекинат.
Градоначалникот на Јокнеам, Симон Алфаси, се огласи за Шани на Фејсбук:
„Нашата Шани ја нема. Нашите срца се скршени на парчиња. Плачеме и одбиваме да веруваме; толку многу се надевавме на поинаков крај. Се надевавме 47 дена, а потоа утрово ја примивме жалната вест дека Шани е убиена во црната сабота“, додаде Алфаси.
„Срцето ми е со нејзините драги родители Јаков и Михал, нејзиниот брат Авиел и сестрата Ницан, кои седум недели бараа под секој камен и одеа на секое место во светот да ја најдат. Саканата Шани имаше само 26 години.Таа беше млада, квалитетна и талентирана личност.Фантастична ќерка, сестра и пријателка“, напиша тој.