Хутите: Постигнавме голема победа, бродовите веќе не можат да одат кон Израел

Хутите-Постигнавме-голема-победа-бродовите-веќе-не-можат-да-одат.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Лидерот на јеменските Хути денеска изјави дека милитантната група успеала да спречи бродови поврзани со Израел да минуваат низ Аденскиот Залив во текот на изминатата недела, пишува „Ројтерс“.

„Американците и Британците не беа во можност да обезбедат премин на ниту еден брод што одеше кон Израел. Тие не беа во можност да ги заштитат тие бродови. Тие веќе не можат да ги заштитат ниту американско-британските бродови, ова е вистинска и голема победа за нас“, рече Малик ал-Хути во телевизиски говор.

Аденскиот Залив е дел од Арапското Море помеѓу јужниот брег на Арабија и Африка, а со Црвеното Море е поврзан со преминот Баб ал-Мандаб. Важноста на заливот се зголеми по отворањето на Суецкиот канал, а низ него минуваат бродови меѓу Европа, Источна Африка, Индија, Далечниот Исток и Австралија и Персискиот Залив и Европа.

Милитантните Хути, кои ги контролираат најнаселените региони во Јемен, постојано ги гаѓаа меѓународните трговски бродови со проектили од средината на ноември. Нивна цел биле пловни објекти со комерцијални врски со САД, Велика Британија или Израел.

„Израелската, американската и британската агенда се обидува да стави крај на палестинското прашање“, рече Ал-Хути. Операциите на Хутите во Црвеното Море, рече тој, се легитимни за да му се помогне на народот во Газа и да се стави крај на наметнатата опсада.

Хутите уште од почетокот тврдат дека ударите на бродовите биле во знак на солидарност со Палестинците поради војната меѓу Израел и Хамас во Газа.

Нападите поттикнаа неколку компании да ги запрат патувањата со Црвеното Море во корист на подолгата и поскапа рута околу африканскиот континент, а американските и британските воени авиони извршија одмазднички напади насочени кон цели во Јемен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK