Хунтата тврди дека Силите на народна одбрана убиле 15 цивили во централниот дел на Мјанмар

mjanmar
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Хунтата во Мјанмар денеска ги обвини продемократските припадници на Силите на народна одбрана (ПДФ) дека во синоќешниот напад убиле 15 цивили во селото Нгве Твин, округот Сагаинг.

ПДФ демантира вмешаност во нападот, при што се повредени седум луѓе, од кои тројца будистички монаси.


Силите на народна одбрана се активираа по соборувањето на демократски избраната влада на Аунг Сан Су Чи на 1 февруари 2021 година. ПДФ се здружи со неколку вооружени групи составени од етничките малцинства, кои со децении се борат за поголема автономија во Мјанмар.

Како одговор, војската започна тешки операции против бунтовниците во руралните области на земјата, палејќи села и протерувајќи стотици илјади луѓе од нивните домови.

Сагаинг е упориште на вооружениот отпор на воената хунта, но селото Нгве Твин е едно од ретките за кои се смета дека ја поддржува владата и каде што жителите, наводно, помагале во воените операции против бунтовниците.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK