Хуманитарен работник на преминот Рафах: Секоја минута паѓаат бомби

Хуманитарен-работник-на-преминот-Рафах-Секоја-минута-паѓаат-бомби.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Клучниот коридор за помош меѓу Египет и јужниот дел на Газа – на граничниот премин Рафах – би можел да се отвори уште денес за да ги донесе многу потребните резерви во Газа. Но, Мохсен Сархан, извршниот директор на Египетската банка за храна, изјави за Би-би-си дека испораката на помош може да биде попречена доколку продолжи интензивното бомбардирање на преминот Рафах.


„Она што не спречува да влеземе е бомбардирањето на целиот Појас Газа од страна на израелската армија. Осум дена сме стационирани на границата и бомбите паѓаат секоја минута“, изјави тој за Би-би-си.

„Тие дури и бомбардираа пустош каде нема ниту животни, ниту луѓе. Подготвени сме да влеземе, но египетските власти нема да нѐ пуштат доколку не гарантираат дека нема веднаш да бидеме убиени“, додаде тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK