Холандија повеќе нема да им дозволува на своите граѓани да посвојуваат деца од странски земји, изјави холандскиот министер за заштита на правата Франц Верверинд.
Тој додаде дека веќе започнатите процедури за посвојување ќе продолжат да се спроведуваат и во наредниот период.
Холандските семејства посвоиле околу 40.000 деца од 80 земји во изминатите 50 години, според Ројтерс.