Херш: Група земји тајно го повикуваат Зеленски да го прекине конфликтот – дури и по цена на негова оставка

hersh
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Група европски земји предводени од Полска тајно го повикуваат украинскиот претседател Володимир Зеленски да го прекине конфликтот, дури и по цена на негова оставка, објави американскиот новинар и добитник на Пулицерова награда Сејмур Херш.

– Таа група ја предводи Полска. Таа тајно го повикува Зеленски да најде начин да го прекине конфликтот – дури и ако тоа значи дека треба да поднесе оставка, напиша Херш на платформата „Субстак“.


Како што додаде, во таа група земји спаѓаат балтичките и источноевропските земји, поточно Унгарија, Литванија, Летонија и Естонија.

Според Херш, украинскиот претседател не се согласува со тоа и почнува да ја губи поддршката од соседите.

Тој исто така објави дека американскиот претседател Џозеф Бајден добива нецелосни разузнавачки информации за украинскиот конфликт.

– Ми рекоа дека некои од најдобрите разузнавачки информации за војната не доаѓаат до претседателот, тврди Херш.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK