Хејли: „Доналд Трамп е стар, збунет и премногу склон кон изливи на гнев“

Трамп-Бајден-може-да-не-вовлече-во-трета-светска-војна.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ники Хејли, кандидатката на републиканските избори за номинација на претседателските избори во САД, проговори за Доналд Трамп.



Таа рече дека нејзиниот противник Доналд Трамп е „премногу стар, премногу збунет и премногу склон кон изливи на гнев“ за да биде претседател.

Поранешната гувернерка на сојузната држава Јужна Каролина, единствениот противник на Трамп, ја интензивира кампањата, во пресрет на дуелот со него во родната Каролина, закажан за 24 февруари.

Споредувајќи го Трамп со Бајден, таа рече дека е апсурдно кандидатите кои се „осумдесетгодишници“ да ја водат земјата, бидејќи Бајден има 81 година, а Трамп 77, пренесе Си-Ен-Ен.

Таа рече дека Трамп претходните денови имал некои „збунувачки моменти“ и го прекорила поранешниот американски претседател за неговата сурова природа ноќта на победата во државата Њу Хемпшир, кога, како што наведе, „се обидел да ја исфрли од трката“.

За време на неодамнешните изборни настани, Хејли, исто така, го доведе во прашање моралот и капацитетот на Трамп да го разликува доброто од погрешното.

Хејли истакнува дека нејзината кампања, за разлика од гувернерот на Флорида, Рон Десантис, кој се откажа од трката на крајот на јануари, е изградена на долги патеки за да се бори против Трамп, ветувајќи дека ќе остане во трката долго, по партиските избори во Јужна Каролина на 24 февруари.

„Зошто политичката елита врши притисок врз нас да дадеме кандидат, кога гласаа само две држави (Ајова и Њу Хемпшир)? Има уште 48 сојузни држави кои не гласаа. Ако погледнете по делегати, потребни ви се 1.215. Трамп во моментов има 32, јас имам 17. Зошто би застанале сега“, праша Хејли.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK