Во Русија 14 вагони на товарен воз што превезувал јаглен излетале од шините на делницата Алеур-Бушулеј, поради судир со празен воз кој сообраќал во спротивна насока, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.
Сообраќајот е запрен во двата правци, пренесува ТАСС. Нема повредени и нема опасност по околината.
Руските железници соопштија дека неколку патнички возови доцнеле поради инцидентот.
Истражниот комитет на Русија покрена кривична постапка за прекршување на безбедносните правила во железничкиот сообраќај.