Хаос во Пекинг: снегот го окова градот, затворени се речиси 200 делови од патиштата, прогнозата за наредните денови е уште полоша

Хаос-во-Пекинг-снегот-го-окова-градот-затворени-се-речиси.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Властите во Пекинг затворија осум автопати кои минуваат низ градот, поради тоа што во текот на ноќта падна поголема количина снег од очекуваното, а го засилија јавниот превоз.


Снежните врнежи во вторникот вечерта траеја подолго и беа пообилни од прогнозите поради наглото зголемување на влажноста во главниот град по комбинацијата на влажна воздушна струја од југ и студена воздушна маса која полека се движи кон исток, изјави метеоролог од општинската опсерваторија за „Пекинг Дејли“.

Речиси 200 делови од патиштата беа затворени низ Кина поради неповолните временски услови, објави ЦЦТВ.

Кинескиот национален метеоролошки центар предвидува минусни температури за наредните денови во централниот дел на земјата, на исток, север, северозапад и во делови од југ, пренесува Ројтерс.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK