Хантер Бајден обвинет за даночна измама, се соочува со 17 години затвор: Не сум виновен

Хантер-Бајден-обвинет-за-даночна-измама-се-соочува-со-17.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Хантер Бајден, син на американскиот претседател Џо Бајден, вчера пред федералниот суд во Лос Анџелес се изјасни за невин по обвиненијата за затајување данок што произлегуваат од неговите деловни зделки, што ја поттикна истрагата за импичмент на неговиот татко.



Судијата закажа судење за 20 јуни, а доколку биде прогласен за виновен, Хантер се соочува со затворска казна до 17 години.

Бајден Јуниор не им се обрати на новинарските екипи и демонстрантите кои чекаа пред судот по сослушувањето. Неговиот адвокат, Абе Лоуел, рече дека неговиот клиент ги вратил даноците и го гонат поради познатото презиме.

Хантер Бајден (53) е обвинет дека не платил најмалку 1,4 милиони долари федерални даноци од 2016 до 2019 година, додека од друга страна потрошил милиони долари на екстравагантен начин на живот, вклучувајќи дрога, ескорт дами и луксузни автомобили.

Неговата „добра заработка“ како член на управен одбор на украински индустриски конгломерат и кинески приватен капитал е апострофирана. Но, како што му се зголемувале приходите, така се зголемувале и трошоците, па само во 2018 година, според обвинението, потрошил повеќе од 1,8 милиони долари, но ништо од тоа за плаќање данок.

Хантер претходно се соочуваше со обвиненија за затајување данок, а агенцијата исто така потсетува дека во одделен случај во Делавер, тој се изјаснил за невин по обвинението дека лажел за неговата употреба на дрога кога купил пиштол. Доколку биде прогласен за виновен, таквите обвиненија носат до десет години затвор.

Републиканците во Претставничкиот дом го обвинуваат Хантер за непочитување на Конгресот затоа што одбил да сведочи зад затворени врати во нивната истрага за импичмент на неговиот татко.

Хантер Бајден изрази подготвеност јавно да сведочи, но претставниците го одбија. Инаку, тој во средата неочекувано се појави на рочиштето во Претставничкиот дом на кое се разгледуваа обвинувањата за непослушност.

Републиканците се фокусираа на деловното вклучување на Хантер Бајден со компании во Украина и Кина додека неговиот татко беше потпретседател на Соединетите држави од 2009 до 2017 година.

Досега не успеаја да изнесат докази за незаконските постапки на претседателот Џо Бајден.

Синот на претседателот, кој јавно зборуваше за својата зависност, никогаш не бил на позиција во Белата куќа или во кампањата на неговиот татко, забележува Ројтерс.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK