Врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска ѝ порача на палестинската милитантна група Хамас дека Иран нема да влезе во војна против Израел во име на Хамас.
„Не не предупредивте за вашиот напад на Израел на 7 октомври и ние нема да војуваме во ваше име“, рече Хамнеи, пренесе Ројтерс.
Хамнеи рече дека Иран ќе продолжи да му дава политичка и морална поддршка на Хамас, но дека нема директно да интервенира, пренесува Танјуг.