Хамас киднапирал 10 членови од нејзиното семејство: „Ми праќаа пораки, кажаа дека се кријат“

Хамас-киднапирал-10-членови-од-нејзиното-семејство-„Ми-праќаа-пораки.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Засега се знае дека Хамас киднапирал 199 лица. Меѓу нив има десет членови на истото семејство кои беа киднапирани од милитантите за време на нападот на кибуц Беери. Шира Хаврон се обидува да добие што повеќе информации за нивната судбина од властите.


„Кога сето ова почна да се случува, јас бев во Лондон; многу далеку од кибуцот и дома. Дознав што се случило. Родителите ми се јавија и ми рекоа дека кибуцот бил нападнат. Нашето семејство живее во две куќи. Сите се криеја во безбедни соби. Извесно време си пишувавме пораки, а потоа изгубив контакт“, изјави Хаврон за Си-ен-ен.

„Потоа повеќе не се слушнав со нив. Верувам дека се киднапирани. За шестмина од нив сигурно знам, тоа го потврдија и властите. Само претпоставуваме за другите. Се надеваме дека се живи”, додаде таа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK