Десетици Палестинци биле убиени додека чекале помош во храна во градот Газа, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на изјави на сведоци.
Најмалку 11 тела и 100 ранети се пренесени во болницата „Ал Шифа“, соопшти Министерството за здравство под контрола на Хамас.
Едно тело и шестмина повредени се пренесени во болницата „Камал Адван“ во северниот дел на Газа, соопшти истото министерство.
Дописникот на „Ал Џезира“ јавува дека израелски хеликоптер отворил оган врз Палестинците кои чекале помош на кружниот тек.
Дописникот на „Sky News“ Алистер Бункал вели дека израелската верзија на настаните не е „јасна“ бидејќи му биле кажани „неколку различни верзии“.
На X е објавено видео на кое се гледаат десетици тела покриени со прашина и остатоци.