Лажните вести на социјалните мрежи би можеле да бидат поттик за масовни повлекувања на заштеди од банките, предупреди денеска гувернерот на германската Централна банка „Бундесбанк“, Јоаким Нагел, залагајќи се за следење на објавите.
Тој пристап ќе им овозможи на супервизорите навремено да утврдат дали постои опасност од масовно повлекување на заштедите, вели Нагел во интервју за „Redaktionsnetzwerk Deutschland“
-Доколку голем број штедачи решат истовремено да ги повлечат своите заштеди од банката, тоа може да доведе до нејзин колапс во најлошото сценарио, вели Нагел.
„Масовното повлекување на депозитите од американската „Silicon Valley Banka“ (СВБ) во март годинава покажа дека мора да бидеме способни да реагираме побрзо“, нагласи германскиот гувернер.
-Објавите на социјалните мрежи го забрзаа повлекувањето пари од СВБ, а се поставува прашањето дали лажните вести можат да предизвикаат слична реакција, објаснува Нагел.
Тој, исто така, додава дека во Јужна Кореја, работната група на банкарскиот регулатор веќе систематски ги следи објавите на социјалните мрежи и, според него, ќе ги забележи првите знаци дека нешто се подготвува во догледно време.
-Треба да ја разгледаме оваа можност и во Европа. Не смееме да се опуштиме, мора сè добро да анализираме и да се фокусираме на „слепите точки“ во надзорот, заклучи германскиот гувернер.