Гутереш: Време е да се реформираат Советот за безбедност и монетарниот систем договорен во Бретон Вудс

guteres_45454545
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш изјави денеска дека е време да се реформираат Советот за безбедност и монетарниот систем договорен во Бретон Вудс, за да се прилагодат на „реалноста на денешниот свет“.







Гутереш, говорејќи на прес-конференција во Хирошима, каде се одржува Самитот на Г7, рече дека е неопходно да се модернизираат двете институции кои ги одразуваат односите на моќ од 1945 година.

„Глобалната финансиска архитектура е застарена, нефункционална. Соочени со економски шокови поради пандемијата „Ковид-19“ и руската инвазија на Украина, таа не успеа да ја исполни својата клучна функција како светски заштитен механизам“, додаде Гутереш.

Договорот од Бретон Вудс се однесува на повоениот договор за создавање на меѓународен монетарен систем. По конференцијата во Бретон Вудс, беа основани Меѓународниот монетарен фонд и Меѓународната банка за обнова и развој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK