Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш пристигна на граничниот премин Рафах, каде повика камионите со хуманитарна помош да бидат пропуштени во Појасот Газа.
„Видов толку многу камиони натоварени со вода, гориво, лекови и храна. Тие се спасот и разликата помеѓу животот и смртта за толку многу луѓе во Газа“, рече Гутереш, пренесе Би-Би-Си.
Тој повика на хуманитарно примирје.
Палестинското Министерство за здравство соопшти дека 16 палестински христијани загинале во бомбардирањето на грчката православна црква Свети Порфириј во градот Газа.
Се додава дека за нивната смрт е одговорно „ционистичкото бомбардирање на црквата“, јави палестинската ТВ Ал Акса.
Палестинското Министерство соопшти дека вкупниот број на загинати во воздушните напади врз Газа се зголеми на 4.137, додека повеќе од 13.000 луѓе се повредени.