Група севернокорејци пребегнаа во Јужна Кореја со брод, соопшти јужнокорејската војска.
Агенцијата „Јонхап“ објави дека на бродот имало четворица Севернокорејци и дека тие „изразиле намера да пребегаат“.
Бродот бил пресретнат во близина на источниот град Сокчо. Војската соопшти дека патниците се пренесени на безбедно.
Повеќе од 30.000 Севернокорејци пребегнаа на југ од северно-јужнокорејскиот конфликт од 1950 до 1953 година.
Минатата година, имаше помалку севернокорејски дезертери, 67, бидејќи Пјонгјанг воведе строго затворање на границите за време на пандемијата, додава агенцијата.