Гроси за Си-ен-ен: Опаѓа нивото на водата во резервоарите за ладење на реакторите во НЕ Запорожје, се заканува катаклизма доколку останат без вода

zaporozje_ukraina_2323455
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, изјави дека нивото на водата во резервоарите за ладење на реакторот во нуклеарната централа Запорожје опаѓа за пет до седум сантиметри на час и посочи дека доколку најголемата нуклеарна централа во Европа остане без вода, тоа би било многу сериозна ситуација.

-Таму има резервоар и голем број внатрешни канали кои обезбедуваат водата постојано да циркулира за да може постојано да се ладат реакторите. Ако централата остане без вода, тогаш ќе имаме многу сериозна ситуација, изјави вчера Гроси во интервју за Си-ен-ен.


Според него, не постои ризик веднаш да исчезне водата што е таму, но состојбата е сериозна бидејќи нивото на водата континуирано се намалува.

Од почетокот на војната во Украина, Запорожје неколку пати беше во критична ситуација, поради гранатирање, што предизвика гасење на реакторот.

Сега ситуацијата повторно е неизвесна поради уништувањето на браната Каховка и поплавниот бран што се упати кон населените места. Тоа, пак, предизвика пад на нивото на водата во системите за ладење на оваа нуклеарна централа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK