Голем пожар во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина

pozar_43534534545
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Голем пожар избувна претпладнево во близина на селото Куварас во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, кој поради силниот ветер брзо се шири, а пожарникарите од копно и воздух се обидуваат да го стават под контрола, јави дописничката на МИА од Атина.







Преку бројот 112 за итни случаи до жителите на околните населби беа испратени две пораки, во првата ги информираа за пожарот, а во втората побараа од граѓаните од една населба да се евакуираат.

Конкретниот дел не е густо населен, меѓутоа постојат домови, а поради силниот ветер, пожарот брзо се шири.

Портпаролот на противпожарна служба на Грција Јанис Артопиос за грчката телевизија Опен рече дека станува збор за тежок пожар и тешка операција за гаснење, ообено поради силниот ветер.

Од воздух интервенираат шест авиони и четири хеликоптери од кои еден е за координација, од копно 55 пожарникари со 20 возила и два пешадиски тима, а заедно со грчките се и романските пожарникари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK