Германската полиција изврши рации низ земјата поради криумчарење мигранти

Германската-полиција-изврши-рации-низ-земјата-поради-криумчарење-мигранти.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Повеќе од 350 германски полицајци рано утринава извршија рации низ Германија во врска со криумчарење мигранти.


Рациите се фокусирани на градови и населени места во северна и западна Германија, како и во Баварија на југ, објави германската новинска агенција дпа.

Уапсени се пет лица, а во објектите во кои упаднале затекнале мигранти без дозвола за престој.

Рациите ги нареди федералната полиција поради сомневања за организиран шверц на странци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK