Германија собори два дрона кај брегот на Јемен

Германија-собори-два-дрона-кај-брегот-на-Јемен.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германската фрегата Хесен, која учествува во мисијата Аспид на Европската унија кај брегот на Јемен, синоќа одби напад на беспилотни летала на Хутите, соопшти германската морнарица.


„Одбранбените мерки беа спроведени со успех и немаше повредени членови на екипажот или оштетувања на бродот“, соопшти штабот на Бундесверот задолжен за мисијата во Црвеното Море. Како што понатаму се наведува во соопштението за печатот, соборени се два дрона испратени од копното.

Ова е прва борбена акција на фрегатата Хесен, која од минатиот петок се наоѓа во водите кај Јемен, а истиот ден Бундестагот ја одобри оваа мисија.

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека Германија придонесува за стабилизација на регионот и обезбедување на поморската рута преку Црвеното Море до Суецкиот канал, една од најважните поморски патишта во светот.

„Оваа мисија е една од најопасните мисии за германската морнарица во последните децении“, рече Писториус.

За разлика од морнарицата на САД и Велика Британија, кои исто така напаѓаат цели на копно, фрегатата Хесен делува исклучиво дефанзивно. Овој брод е конструиран со цел да ги придружува и заштити другите пловни објекти.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK