Германија следната година ќе ја намали помошта за бегалците

Германија-следната-година-ќе-ја-намали-помошта-за-бегалците.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Следната година Германија планира да ја преполови помошта што ја доделува на државите за покривање на трошоците за прием и интегрирање на бегалците.


Ваквиот потег е дел од мерките за намалување на буџетот поради енормната инфлација по долгогодишното високо трошење.

Повеќе од милион луѓе побарале засолниште во Германија од почетокот на конфликтот во Украина, а поддршката за нивната грижа доведе до тоа, 16 држави во земјата да бараат повеќе федерални средства за покривање на трошоците на бегалците, објави Ројтерс.

Берлин, како што пренесуваат медиумите во регионот, во понеделникот ги информираше земјите дека ќе издвои најмногу 1,7 милијарди евра за поддршка за трошоците на бегалците во 2024 година, додека годинава за таа цел се издвоени 3,75 милијарди евра, изјавија владини извори кои одбија да бидат именувани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK