Германија најави уште 20 милиони евра хуманитарна помош за Украина, Киев бара ракетна и противвоздушна одбрана

berbok
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Берлин ќе обезбеди дополнителни 20 милиони евра хуманитарна помош за Украина, изјави во Киев германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.

Заедно со новата сума, помошта на Германија за Украина оваа година ќе изнесува 380 милиони евра, изјави министерот, пренесува британскиот весник „Гардијан“.


Бербок, кој пристигна во ненајавена посета со ноќен воз од Полска, оцени дека Русија повторно ќе ги таргетира украинските енергетски капацитети оваа есен и зима бидејќи „перфидната руска цел е повторно да ги изгладнува луѓето и да ги замрзне“.

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, повторно ја повика Германија да ги испрати во Киев шведско-германските крстосувачки ракети „Таурус“ со дострел поголем од 500 километри, кои се лансираат од авион.

„Не разбирам зошто губиме време?“, праша Кулеба.

Тој му кажа на својот германски колега дека на Украина и требаат повеќе системи за противвоздушна одбрана за да ги заштити пристаништата од руски воздушни напади и да обезбеди извоз на жито.

Бербок ја пофали „храброста и решителноста“ на Украина и рече дека земјата има место во Европската унија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK