Германец бил вакциниран против коронавирус 217 пати

Germanija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







62-годишен маж од Германија ја примил вакцината против коронавирусот 217 пати и покрај спротивниот совет на лекарите, стои во медицинскиот извештај, пренесуваат медиумите во регионот.

Овој бизарен случај е документиран во стручното списание за заразни болести „Лансет“.

Човекот приватно купил и примил вакцини, а сите дози ги примил во рок од 29 месеци.

Се чини дека овој Германец немал негативни ефекти од вакцинацијата, велат истражувачите од Универзитетот во Ерланген-Нирнберг.

Доктор Килијан Шобер од одделот за микробиологија на тој универзитет вели дека тој и неговите колеги „за овој случај дознале од весникот“.

„Потоа го контактиравме и го поканивме да дојде на различни тестови во Ерланген. Беше многу заинтересиран“, додава Шобер.

Од мажот биле земени примероци од крв и плунка.

„Самите земавме примероци од крв бидејќи човекот прими уште една доза од вакцината на негово инсистирање.

„Врз основа на овие примероци, успеавме да утврдиме како точно вакцинирањето влијаело на имунолошкиот систем“, посочи Шобер.

Јавното обвинителство во градот Магдебург собрало докази за 130 вакцини, па отворило истрага поради сомнение за измама, иако не била покрената кривична постапка.

Вакцините против коронавирусот не можат да доведат до инфекција, но можат да го научат телото како да се бори против болеста.

Шобер бил загрижен дека прекумерната стимулација на имунолошкиот систем со нови дози може да доведе до замор на одредени клетки.

Но, истражувачите не го утврдија тоа во случајот со 62-годишниот Германец.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK