Францускиот парламент одобри значително зголемување на воените трошоци поради војната во Украина


francuski parlament
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Францускиот парламент денеска одобри зголемување на воените трошоци за милијарда евра поради руската војна во Украина и брзо растечките глобални закани, објавија американските медиуми.

Претседателот Емануел Макрон се заложи за поголем буџет за кој ќе бидат употребени 413 милијарди евра, што е најголемото зголемување на трошоците во последниот половина век.


Макрон тврдеше дека зголемувањето е неопходно за да се гарантира слободата, безбедноста, просперитетот на Французите и нивното „место во светот“.

Новиот воен план вклучува удвојување на бројот на воени резерви и зајакнување на сајбер одбраната, како и зголемување на капацитетот за производство на оружје и за помош на Украина, како и за соодветно снабдување на француската војска.

Новиот буџет за 2024-2030 година е повеќе од една третина повисок од последниот план за воени трошоци од 295 милијарди евра за 2019-2025 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK