Француски патник од крузерот развил симптоми на хантавирус за време на летот кон Франција


screenshot-2026-05-10-110004.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Еден од петтемина француски патници евакуирани од крузерот МВ Хондиус покажал симптоми на хантавирус за време на летот кон Франција, соопшти францускиот премиер Себастијан Лекорни.


Во објава на социјалните мрежи, тој го опиша бродот како „жариште на инфекција со хантавирус“.

Лекорни рече дека петте лица се вратиле на француска територија, но додаде: „Еден од нив покажа симптоми на летот за репатријација. Како резултат на тоа, овие пет патници беа веднаш сместени во строга изолација до понатамошно известување.“

Тој додава дека патниците добиваат медицинска нега и ќе бидат подложни на дополнителни тестирања.

Франција воведува мерки

Францускиот премиер најави дека уште вечерва ќе биде донесена специјална уредба за спроведување соодветни мерки за изолација на блиските контакти и заштита на населението.

Се очекува и министерот за здравство на Франција подоцна вечерва да се обрати со дополнителни информации за ситуацијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK