Франција стравува од немири за време на изборите: 30.000 полицајци се распоредени низ целата земја

policiska-akcija-francija-x-epa.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

30.000 полицајци и жандарми ќе бидат распоредени во недела во Франција, за време на вториот круг од парламентарните избори, од кои 5.000 ќе бидат во Париз, поради опасност од немири, изјави денеска министерот за внатрешни работи Жералд Дарманен.


Дарманен рече дека стравува дека на денот на изборите, 7 јули, „ултралевите“ или „ултрадесничарите“ би можеле да создадат „неред“, пренесува „Фигаро“.

Распоредувањето на „исклучително голем број“ полицајци треба да ги спречи овие сили „да ги искористат предностите на изборните резултати за да создадат неред“, рече Дарманен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK