Франција ги повика своите граѓани да не патуваат на Блискиот Исток поради опасност од ширење на конфликтот

w_56095408.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Француското Министерство за надворешни работи денеска ги советуваше француските граѓани да не патуваат во Иран, Либан, Израел и палестинските територии, поради опасност од ширење на конфликтот на Блискиот Исток.


Францускиот МСП на платформата Х изјави дека роднините на француските дипломати во Иран ќе се вратат во Франција и дека на француските државни службеници им е забрането да извршуваат какви било мисии во Иран, Либан, Израел и палестинските територии.

Ирански извори изјавија за Ројтерс дека Техеран му сигнализирал на Вашингтон дека ќе одговори на нападот на Израел врз иранската амбасада во Сирија на начин што има за цел да избегне голема ескалација и нема да дејствува избрзано, бидејќи Техеран исто така бара прекин на огнот во Појасот Газа.

Во нападот на иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април загинаа командантот на Револуционерната гарда во Сирија и Либан, Мохамед Реза Захеди и неговиот заменик, како и пет офицери кои ги придружуваа.

Израел тврди дека не стои зад нападот, додека неколку официјални претставници на Техеран претходно се заканија со одмазда за нападот, вклучително и врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK