Очај и страв владеат денес во Мароко откако земјата беше погодена од катастрофален земјотрес, во кој засега загинаа над 1.300 лица, а повредени се 1.800.
Луѓето спијат на улиците, дел останаа без своите огништа, други ги оплакуваат блиските што ги загубија, додека некои, пак, се надеваат дека нивните роднини и пријатели кои останаа под урнатините ќе бидат спасени.
Земјата е во целосен шок, светските агенции пренесуваат потресни сведоштва.
Двајца македонски државјани кои биле во Мароко се евакуирани на безбедно и се во добра здравствена состојба, објави МНР.
Атмосферата по земјотресот најдобро ја опишуваат фотографиите во прилог: