(Фото) Сурфер во Австралија нападнат од ајкула

Фото-Сурфер-во-Австралија-нападнат-од-ајкула.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

64-годишен сурфер денеска бил нападнат од ајкула во близина на брегот на Јужна Австралија. Човекот бил на околу 200 метри од брегот во Елистон кога го зграпчило опасно морско животно, пишува Дејли Мејл.


Успеал да доплива до брегот и сам се возел до болницата Елистон, од каде подоцна со хеликоптер бил префрлен во болницата Ројал Аделаида. Според локалните медиуми, ајкулата го каснала 64-годишникот во пределот помеѓу задникот и ногата.

На фотографиите се гледа како животното одгризувало делови од неговата даска за сурфање при нападот.

Нападот се случи само една недела откако 15-годишниот Каи Каули загина во напад на ајкула на полуостровот Јорк.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK