(Фото) Британски министер ги соблече чевлите и чорапите во воз, ќе мора да оди на разговор кај премиерот

Screenshot-2024-05-23-134314.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Британскиот министер за ветерани Џони Мерсер им порача на луѓето да „одраснат“ откако фотографијата на која седи бос во воз за Лондон стана вирална на социјалните мрежи.

Фотографијата прв ја објави „The Times“, а Мерсер наводно го фотографирал еден од патниците. Фотографијата е направена на 6 мај, но почна масовно да се шири дури во последните неколку дена.

Корисниците на социјалните мрежи го критикуваа министерот што ги соблекол чевлите и чорапите во јавниот превоз, но тој инсистира дека не направил ништо лошо.

„Значи, некој чудак отиде наоколу и го фотографираше мојот лаптоп додека читав приватни пораки. Чевлите и чорапите ми беа соблечени затоа што штотуку поминав со велосипед преку Дартмур на дождот. Убијте ме веднаш. Или одраснете“, рече Мерсер.

Портпаролот на британскиот премиер Риши Сунак на новинарско прашање одговори дека не е во ред да се соблечете во воз. Тој најави дека Сунак ќе разговара со својот министер за случајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK