Фон дер Лајен повика на одговорност за нападот во Газа

Фон-дер-Лајен-повика-на-одговорност-за-нападот-во-Газа.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен вели дека е тажна поради нападот на болницата Ал-Ахли во Газа и големиот број загинати.


„Нема оправдување за напад врз болница полна со медицински персонал и цивили. Мора да се утврдат сите факти и одговорните мора да одговараат“, напиша Фон дер Лејен на X, поранешен Твитер.

Шефот на Обединетите нации Антонио Гутереш повика на итен прекин на огнот во војната меѓу Израел и Хамас. На барањето се приклучија 22 арапски земји.

Ријад Мансур, палестинскиот амбасадор во Обединетите Нации, рече дека членовите на Арапската група се огорчени од овој масакр и обединети во нивното барање за испорака на хуманитарна помош и спречување на принудно раселување на Палестинците.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK