Фолксваген го продаде сиот имот во Русија

фолксваген
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германскиот производител на автомобили Фолксваген ја заврши продажбата на својот имот во Русија, се наведува во соопштението на оваа компанија.

Завршена е продажбата на уделот во руската групација Фолксваген, вклучувајќи ги и подружниците, се додава во соопштението.


Продадена е и фабриката за автомобили во градот Калуга.

Руски медиуми претходно оваа недела соопштија дека Фолксваген добил одобрение од властите во Москва да го продаде својот имот во Русија за 125 милиони евра на руската компанија Авилон.

Германскиот производител на автомобили е активен во Русија долго време и отвори фабрика во Калуга во 2007 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK